Почитувани, како непрофитно здружение на граѓани Ф.К. „КОЖУФ“ - Гевгелија средствата за реализација на годишните планови ги добива во вид на донации и спонзорства. 

Генерални спонзори на Ф.К. „КОЖУФ“ се Општината Гевгелија, Касино Фламинго и КТВ Спајдер, а покрај генерералните спонзори имаме и помали спонзори кои одвојуваат симболични финансиски суми за да бидат дел од нашата заедничка успешна приказна.

Поради големиот интерес за спонзорирање на клубот, решивме на нашиот веб сајт да поставиме банери за Вашите реклами за симболична почетна сума од 6000 денари  за рекламирање до крајот на сезоната 2016/17.

 

Покрај рекламирањето на нашиот веб сајт, како спонзори добивате и две VIP пропусници за натпреварите кои ќе се играат на домашен терен на градскиот стадион во Гевгелија за цела сезона.