Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во 18то коло од Трета лига југ, ФК Кожуф ќе одигра дерби натпревар во содедството, во Валандово, со екипата на Победа. Екипата на Победа, во есенскиот дел привлече најмногу публика во последниве години во Гевгелија, две навивачки групи како што и го доликува овој натпревар. Во првиот дел, ФК Кожуф беше подобар со 3-1. На табелата, ФК Кожуф е прв со 48 бода, 10 повеќе од Борец и 12 повеќе од нашиот следен противник, со забелешка дека и двете екипи имаат натпревар помалку. Со победа, ФК Кожуф ќе биде чекор поблиску до обезбедување на пласман во Втората Македонска лига, и освојување на првото место во Јужниот регион. Натпреварот во Валандово се игра во недела со почеток од 14:00 часот.