Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во недела со почеток од 13 и 30 часот, во Гевгелија ќе се сретнат екипите на ФК Кожуф и ФК 11 Октомври од Прилеп. Историјата на натпревари меѓу овие два клуба е голема, во сезоната 2008/09 двата клуба се сретнаа во бараж натпревар за Втора лига, кој натпревар Кожуф го загуби и испадна од Втората лига.

Во сезоната 2011/12 овој клуб настапуваше во Првата Македонска лига. На овој натпревар ФК Кожуф е апсолутен фаворит, додека гостите доаѓаат во лоша серија од 8 порази од исто толку одиграни натпревари.

Заклучно со 8то коло, ФК Кожуф е лидер на табелата со 21 бод, два повеќе од Борец и Победа од Валандово, додека 11 Октомври е последно пласиран тим, со -3 бода (поради загубен натревар службено).

Влезот за овој натпревар е 50 денари, а истата влезница ќе можете да ја искористите и за наредниот натпревар на домашен терен кој ќе се одигра по две недели помеѓу домакинот Ф.К. „Кожуф“ и Ф.К. „Питу Гули“.

СПОДЕЛИ ЗА Ф.К. „КОЖУФ“!!!