Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Денешниот пријателски натпревар кој се одигра во Килкис (Грција) Ф.К. „Кожуф“ беше поуспешен од домакинот Ф.К. „Александрос со резултат 0:4 (0:2). Стрелци на головите за Ф.К. „Кожуф“ беа Каракамишев во 12-та минута, Лазаревски во 29-та минута, М. Ристовски во 72-та минута и Чамџиќ во 79-та минута. Кожуф одигра одличен натпревар. Функционираа буквално сите линии во тимот на Васе Беќаров и покажа дека спремен го дочекува почетокот на шампионатот. Како клуб, ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на домакините за одличниот прием, како што е впрочем секое наше гостување во Грција.