Во неделата се одигра дерби натпреварот од Трета лига - југ, помеѓу екипите на Кожуф од Гевгелија и Победа од Валандово. После десетина година, ова беше најпосетениот фудбалски натпревар во градот, што покажува дека Гевгелија почнува да се враќа на фудбалската мапа.

Натпреварот го следеа 1.500 гледачи, меѓу нив со присуство на две навивачки групи кои беа за пример за тоа како треба да се бодри својот клуб. Кожуф наметна иницијатива уште од самиот почеток, па така Даниел Лазаровски во еден контра напад истрча уште во 3. минута го совлада голманот на Победа од Валандово за ерупција на стадионот.

Нападите на Кожуф кон противничкиот гол продолжија, па така Марјан Ристовски во 37. минута со глава успеа да ја затресе мрежата на противникот за водство од 2-0. Пред крајот на првото полувреме, со одличен лоб удар, Игор Зејринов зголеми и на 3-0. До крајот на натпреварот гостите намалија преку Маринковиќ од пенал за конечен резултат од 3-1 .