На денешниот меч, фудбалерите на Кожуф одиграа како по ноти за триумф над Брегалница со резултат 4:1. Во одлични временски услови, се одигра интересен дуел на кој сепак подобри беа гевгеличани. Уште во самиот почеток на натпреварот Кожуф ја превзеде иницијативата и уште во 6та минута во одлична акција го отвори резултатот преку Ристенски за водство од 1:0.

Додека гостите се призмејуваа од примениот гол, Лазаровски беше немилосрден во неговата цел и веќе во 7ма минута постигна гол за водство од 2:0 и веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.

Во 15та минута, капитенот Попов успеа да се протне низ одбраната на Брегалница и да го зацврсти водството на 3:0. Овој резултат не беше променет до крај на полувремето. Второто полувреме играчите на кожуф релаксирано го одиграа со само еден гол во 64та минута, каде што Ристенски повторно се запиша во листата на стрелците за резултат 4:0. Пред финишот на натпреварот, во 84та минута гостите постигнаа гол за конечни 4:1. Натпреварот помина во прекрасна атмосфера, со спортско фер однесување од страна на двете екипи, а беа досудени вкупно 6 жолти картони по три за двете екипи. Севкупно, денешниот натпревар беше празник за многубројната публика која во живо го проследи натпреварот.