Во изедначен натпревар каде што двете екипи имаа свои моменти, по снаодливиот Борец победи во самиот финиш од натпреварот со головите на Ѓорѓиев во 85та и Каланоски во 89та минута. Претходно видовме безброј дуели, цврст фудбал каде што на крајот одлучија нијанси. Нашиот Кожуф имаше шанса за водство кога Лазаровски излезе во првиот дел сам пред голманот, но не се реши на удар од прва, за да во продолжение на акцијата го видиме и првиот спорен момент на натпреварот каде што Ристе Папучиев го проаѓа голманот, контакт постои а судијата по свое убедување решава да нема најстрога казна.
Уште по симптоматичен е вториот спорен момент во вториот дел. Имено во 65та минута Лазаровски повторно им бега на своите чувари, излегува сам пред домашниот голман каде што е влечен за дрес, а судијата повторно не се решава за најстрога казна, момент кој што низ видување на авторот е класичен пенал. Со ова Кожуф во ниту еден момент не сака да ја омаловажи „чистата и заслужена“ победа на Борец, но вакви ситуации му се случуваат на Кожуф скоро секој втор натпревар и редно е да реагираме. За крај би сакале да им се заблагодариме на домакините за приемот и уште еднаш им ја честитаме победата.