Денес на стадионот во с. Мрзенци се одиграа два натпревари од младинските категории. Младите фудбалери на Ф.К. „Кожуф“ ги пречекаа фудбалерите на „Куманово Еуроспорт Вардар“. Натрпеварите беа динамични и се играше доста борбено. На првиот натпревар во категорија родени  2003/04 гевгеличани изгубија со резултат 0:2, додека генерацијата родени 2001/02 изгубија со резултат 4:5 (1:4) каде што младите фудбалери успејаа да постигнат три голови во вториот дел од натпреварот, не сепак гостите пред самиот крај на натпреварот го постигнаа петтиот гол за конечни 4:5.