Денес на Градскиот стадион во Гевгелија се одигра пријателски меч помеѓу домакинот Ф.К. Кожуф  и екипата на Ф.К. КитГо од Пехчево. Натпреварот започна со притисок на двата гола, но сепак домакините ја покажаа својата доминација преку Играчот со број 13 Игор Тодоров уште во 15та минута за водство од 1:0. До крајот на полувремето и двете екипи имаа подеднакво шанси за погодок но резултатот беше непроменет. Во второто полувреме, во 55та минута Даниел Лазаревски го зголеми водството на 2:0, а веќе во 65та минута Лазаревски го постигна својот втор гол на мечот за водство на Кожуф од 3:0. Почесниот гол за гостите го постигна играчот со број 19 за  конечни 3:1 во 83та минута.