Викендов младите категории на Ф.К. „Кожуф“ одиграа два успешни меча. На стадионот во Валандово, викендов гевгеличани им одржаа на домакините час по фудбал.

Младите кои играат во категорија родени 2001 го поразија домакинот со резултат 0:10, а во категорија родени 2002 со резултат 0:2 со што е заокружен викендов со победи во сите конкуренции во кои клубот се натпреварува.

Во недела, на стадионот во с. Мрзенци, каде што младите фудбалери ги играат своите натпревари, млаите гевгеличани ќе ги дочекат младите фудбалери на Ф.К. „Еуроспорт“ од Куманово, клуб кој е под капата на Ф.К. „Вардар“ од Скопје.

Натпреварите ќе започнат од 11:00 и од 13:00 часот.