Денешниот натпревар од X коло од II МФЛ кој се одигра на Градскиот Стадион во Гевгелија заврши со победа на домакинот Ф.К. „Кожуф“ над екипата на Ф.К. „Осогово“ од Кочани. Во 13та минута гостите го отворија резултатот и поведоа со 0:1. Гевгеличани имаа одлична игра, но силниот ветар беше на страната на гостите. Во 33та минута, играчот Лазаревски Даниел го израмни резултатот на 1:1. Во второто полувреме Ристенски Раде беше прецизен во 67ма минута за конечни 2:1. На натпреварот беа досуден 4 жолти картони од кои еден за Стојковски Лазар од Ф.К. „Кожуф“ и три за гостите. По овој натпревар „Кожуф“ останува на третата позиција на таблеата со 19 бодови зад „Брегалница“ со 21 и „Беласица“ со 23 и прави предност од два бода пред четврто пласираниот „Борец“.