Во одлични временски услови и прекрасна навивачка атмосфера денес на Градскиот Стадион во Гевгелија се одигра првенствен натпревар од IX коло во II МФЛ помеѓу екипите на Ф.К. „Кожуф“ и Ф.К. „Беласица“. Играчите на двете екипи покажаа одлична игра на теренот за радост на публиката која ја имаше во голем број. Екипата на „Кожуф“ притисна уште во самиот почеток на натпреварот, а веќе во 28ма минута Ники Зумровски го отвори резултатот (1:0) кој не се промени во текот на првото полувреме. Веќе во вториот дел од натпреварот играчот на домакините со број 7 Танов Славе го зголеми водството за домакинот на 2:0, а во 64та минута гостите постигнаа погодок за конечни 2:1. На натпреварот беа досудени 4 жолти картони за домакинот и еден за гостите.