Извонреден натпревар се одигра денес во Тетово од кој како победник на крајот излезе тимот на домакинот Ф.К. „Тетекс“. Кожуф има зошто да жали, натпреварот се одвиваше изедначено се до 36та минута кога од слободен удар Тетекс поведе со 1:0. Во 43та минута по оправдано досудениот пенал Тетекс зголеми на 2:0. Во 45та минута по една одбиена топка, Ристо Каракамишев од 30тина метри стрелаше под пречката за 2:1. Во продолжението од натпреварот Кожуф доминира. во 72 минута Марјан Ристовски со вистински евро гол го изедначува резултатот на 2:2. На Тетекс не му требаше многу време и веќе во 76та минута поведе до 3:2, а последните 15тина минути голманот на домакинот го однесе Тетекс во 1/4 финалето бранејки извонредно. Натпреварот беше одличен и  помина во фер атмосфера за што сме благодарни на домакините.