Денес на Градскиот стадион во Гевгелија беше одиграно дерби натпреварот од IV коло од II МФЛ помеѓу екипите на Ф.К. „Кожуф“ од Гевгелија и Ф.К. „Борец“ од Велес. Натпреварот беше тежок за двата тима, со многу шанси на двете страни на задоволство на многубројната публика. Организациски натпреварот помина во најдобар ред, а во редовите на домакинот, играчот Томче Гроздановски во директен дуел се здоби со повреда на носот.