Со големи три бода „Кожуф“ се враќа од гостувањето во Валандово, посебна тежина на овие бодови им даде предноста од 1:0 на Валандовчани во првото полувреме. Во првиот дел речиси и да немаше шанси, но по досудениот пенал, домакините успешно реализираа за 1:0. Во второто полувреме како да играше само еден тим, „Кожуф“ одигра одлично второ полувреме и најпрво преку Марјан Ристовски во 49та минута го изедначи резултатот, а преку Ристе Папучиев во 59 минута го постави конечниот резултат.

Во третиот натпревар одигран во последните шест дена, екипата на Васе Беќаров покажа дека физички е одлично подготвена и во вторите 45 минути ги добива натпреварите и со право оптимистички е расположена пред саботното дерби со Ф.К. „Борец“ од Велес.

Радува и фактот што поголем дел од публиката во Валандово беа симпатизери на Ф.К. „Кожуф“ кои допатуваа од Гевгелија, па затоа во сабота се очекува полн стадион.