Денес се одигра првиот од двата 1/8 финални натпревари помеѓу екипите на Ф.К. „Кожуф“ и Ф.К. „Тетекс“ каде што домакин беше екипата на Ф.К. „Кожуф“. Во прекрасна атмосфера, пред публика од петстотини луѓе, домакините успешно го водеа натпреварот со далеку повеќе шутови на гол од гостите, но сепак реализацијата беше слаба за домакинот. Во 10та минута гостите во контра напад постигнаа гол за водство од 0:1 и со овој резултат заминаа во соблекувалните. Во второто полувреме во 67ма минута, во слична ситуација повторно се затресе мрежата на домакинот за водство на „Тетекс“ од 0:2. По многуте пропуштени шанси, и погодени пречки, конечно во 85та минута Раде Ристенски ја врати мотивацијата кај домакинот и ја намали разликата на 1:2. Во судиското продолжение од 5 минути поради долгите прекини во играта, Гроздановски во 93та минута ја спаси честа за домакинот за конечни Ф.К. „Кожуф“ - Ф.К. „Тетекс“ 2:2 (0:1). На овој дуел не беше досуден ниту еден жолт картон, а Делегатот на натпреварот Г-дин Бранко Богатинов беше видно задоволен и забележа дека натпреварот помина во ОДЛИЧНА организација од секој аспект.