На денешниот натпревар од второто коло во II МФЛ, екипата на Ф.К. „Кожуф“ ја совлада екипата на Ф.К. „Хоризонт Турново“ со резултат од 3:0. Во 13та минута по досудениот пенал, Даниел Лазаревски беше прецизен од белата точка за водство на домакините од 1:0. Во 30та минута врз Марјан Ристовски беше направен прекршок на кој судијата не реагираше, а Ристески успеа да се задржи на нозе и да му донесе водство на „Кожуф“ од 2:0. Во 63та минута Даниел Лазаревски го постигна вториот гол на натпреварот за конечни 3:0. Натпреварот помина во најдобар ред, а беа досудени по два жолти картони за двете екипи. Имајки ги во предвид денешните временски услови, посетеноста на натпреварот беше на одлично ниво. По две одиграни кола, екипата на Ф.К. „Кожуф има еден пораз и една победа.