Фудбалерите на Ф.К. „Кожуф“ беа поуспешни од фудбалерите на Ф.К. „Етнос“ од Јаница, Грција на пријателскиот натпревар кој се одигра во саботата на стадионот во Јаница. Раде Ристенски ја затресе противничката мрежа два пати и тоа во 17та и во 51ва минута, а Марјан Ристевски беше прецизен во 74та минута за конечен резултат 1:3 (0:1) за гевгеличани.