Во првото коло од втората Македонска Фудбалска Лига, Ф.К. „Кожуф“ гостуваше кај Ф.К. „Осогово“. Фудбалерите на „Кожуф“ цело време ја предводеа играта и имаа дваесетина удари кон противничкиот гол. Во еден момент на опуштеност, домакинот успеа да поентира со единствениот удар кон голот во 75-та минута за конечен резултат Ф.К. „Осогово - Ф.К. „Кожуф“ 1:0 (0:0).