Со почеток во 13:00 часот, во сабота на 11.11.2017 на Градскиот Стадион во Гевгелија ќе се одигра првенствен натпревар помеѓу домашната екипа Ф.К. „Кожуф“ од Гевгелија и Валандовскиот Ф.К. „Победа“. Ова ќе биде натпревар без простор за грешка со цел да останеме во битка со водечките екипи на Беласица и Брегалница кои ова коло имат „тешки“ противници. Овој натпревар фудбалерите ќе вложат максимум за уживање на публиката која ја има во се поголем број на секој следен натпревар. Бидете сведок на уште еден одличен фудбалски спектал, дуел на кој се очекуваат многу голови.

https://www.facebook.com/events/491112411281925/?active_tab=about