Екипата на Ф.К. „Кожуф“ викендов е слободна во првенствените натпревари, па слободното време фудбалерите ќе го искориста да одиграт пријателсни натпревар со екипата на Ф.К. „Кит-Го“ од Пехчево. Противникот на „Кожуф“ се натпреварува во III лига исток и супериорна во однос на останатите екипи. Пред почетокот на натпреварувачката сезона, „Кожуф“ гостуваше во Пехчево на пријателски натпревар и се врати со пораз. Очекуваме интересен дуел во четврток помеѓу две сериозни екипи. Почеток 14:30 часот.