Во среда, 13.09.2017 со почеток во 15:30 часот ќе се одигра првиот од двата натпревари од 1/8 финалето од Купот на Македонија помеѓу екипите на Ф.К. „Кожуф“ од  Гевгелија и Ф.К. „Тетекс“ од Тетово. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Гевгелија, влезот е 50 денари, а билетите за овој натпревар може да ги купите на лице место пред почетокот на натпреварот.