Утре (недела) започнува Државното првенство во втората Македонска Фудбалска Лига. Ф.К. „Кожуф“ годинава се придружи на второлигашите. Во подготвителниот период беа одиграни неколку пријателски натпревари и беа направени неколку трансфери за засилување на тимот. Во првото коло „Кожуф“ гостува кај „Осогово“ и уште во самиот старт играчите ветуваат беспоштедна борба во секој натпревар за освојување што повеќе бодови.