По победата над Ф.К. „Новаци“ во 1/16 финалето од Купот на Македонија, „Кожуф“ интензивно се подготвува за почетокот на првенството. Со тренинзи исто така започнаа и младите категории, кои веќе наредниот викенд ќе ги одиграат и првите натпревари.

Во недела во 18:15 часот по грчко време (17:15 македонско) Ф.К. „Кожуф“ ќе одигра меѓународен пријателски натпревар со Ф.К. „Александрос“ од Килкис - Грција.