Десниот бек на Ф.К. „Кожуф“ Костадин Зајков му беше успешно оперирано коленото по повредата со која се здоби за време на летните подготовки. Зајков од понеделникот повторно е на теренот со своите клубски колеги и засега нема некои потешкотии. Доколку остане ситуацијата во најдобар ред како досега, Зајков ќе се натпреварува веќе во пролетниот дел од првенството.