Денес од клубот беше најавено новото засилување на напаѓачката позиција, кое треба да донесе поголеми резултати во реализација на головите. Во натпреварите кои ги одигра „Кожуф“ сезонава, секогаш ја имаше контролата над противникот и многу лесно стигнуваше до противничкиот гол, но фудбалерите тешко го погодуваа противничкиот гол. Во најава на утрешниот дерби натпревар на домашен терен против екипата на Борец, Кожуф го најави Игор Тодоров како засилување во шпицот. Игор е роден 1983та година, а доаѓа од второлигашот „Осогово“.