Марио Тошевски е новото засилување на десната крилна позиција во Ф.К. „Кожуф“. Од 21 годишниот скопјанец кој доаѓа од Ф.К. „Маџари Солидарност,  има играно за Ф.К. „Македонија ГП“, Ф.К. „Скопје“ и Ф.К. „Цементара“ се очекува да одговори на предизвиците и да му донесе поголема сигурност на клубот во втората лига каде што се натпреварува годинава.