Кожуф го реши вечниот проблем, младите категории најпосле ќе имаат нормални услови за работа. Вечниот инфраструктурен проблем што го има Ф.К. „Кожуф“ денес е решен. Имено Претседателот на клубот Ристо Танев и Г-дин Тео Андреадис денес потпишаа договор со кој што Ф.К. „Кожуф“ ќе може несметано и без финансиски надомест да го користи теренот на Ф.К. „Зорбас Победа“ чиј што сопственик е Г-дин Андреадис.

- Младите ќе добијат нормални услови за работа што е предуслов за стварање свои играчи, нешто што е наша стратегија уште од моментот кога дојдов во клубот. Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на Г-дин Тео Андреадис за неговиот несебичен однос кон нашиот клуб - рече Претседателот на Ф.К. „Кожуф“ Ристо Танев.