Во пресрет на саботниот пријателски натпревар помеѓу Ф.К. „Кожуф“ и Ф.К. „Тиквеш“ кој ќе се одигра на градскиот стадион во Гевгелија во 17:30 часот, физиотерапевтот на Ф.К. „Кожуф“ Ристе Илиев изјави дека повредените Костадин Зајков и Мирче Попов веќе се опоравени од повредите и нема пречка да играат на пријателскиот натпревар. Ситуацијата со Роберт Папучиев е во ред, тој ќе паузира на саботниот натпревар до целосно закрепнување од повредата.

Тренерот Васе Беќаров по натпреварот на 01.08.2017 со екипата на „Кит-Го“ Одлучи да не го ангажира Илјан Амедов за сезонава како играч на „Кожуф“