Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

 

Денес со почеток во 17:00 часот во просториите на ФК Кожуф се одржа седница на управниот одбор на ФК Кожуф.На седницата се усвои финансискиот план за периодот Јануари-Јуни 2018 година, се донесе одлука за систематизација на ангажирани лица во клубот со опис на работните задачи, се донесе одлука за надомест за ангажираните лица во клубот, се укина плаќањето превоз за тренинг на младите категории, исто така се донесе одлука околу плаќањето членарина во младите категории истата ке се плаќа на жиро сметка на клубот.Од управата на клубот не информираат дека сите активности во клубот се одвиваат непречено.Исто така на седницата се разговарало за изнајмување простор на веб страната, како и ангажман на маркетинг менаџер на клубот.