Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

На собранието на ФК Кожуф кое се одржа на 29.01.2018 година, ФК Кожуф доби ново раководство.Управниот одбор се прошири од пет на единаесет члена, се избра нов Надзорен одбор и нов претседател.За нов претседател на клубот е избран Александар Ефтимов, поранешен фудбалер на ФК Кожуф, пред да биде избран за местото претседател на ФК Кожуф, Ефтимов беше тренер на генерацијата 2005/2006.Во краткото обраќање на крајот на седницата на Собранието тој се заблагодари на укажаната доверба и вети дека новото раководство ќе работи крајно транспарентно и дека е отворен за секакви идеи и предлози од сите љубители и симпатизери на ФК Кожуф како би го подигнал нивото на клубот на едно повисоко ниво.До крајот на неделава најави дека ќе има конститутивна седница на новиот Управен одбор на клубот на која седница ќе се донесат низа одлуки за понатамошно функционирање.