Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

ФК Кожуф на стартот на подготвителните натпревари поразен во Кочани од екипата на Осогово.По многу тежок терен за игра во изедначена борба победи посреќниот.Во првото полувреме повеќе од играта имаше екипата на Осогово, но тоа беше на средината на теренот без некоја посериозна шанса за гол.Најзрелата шанса за гол ја имаше ФК Кожуф кога во празно беше проигран Папучиев но беше соборен  во казнениот простор од зад грб, но за екстремно слабиот судија тоа не беше пенал.Во 35 минута при една мешаница во шеснаесетникот на Кожуф топката дојде до Жоглев кој само ја спроведе во празната мрежа.Во второто полувреме избраниците на Беќаров заиграа поангажирано и целото второ полувреме се играше на половината на Осогово, но до промена на резултатот не дојде.Иако иницијативата беше на страната на ФК Кожуф домаќините во единствениот обид во второто полувреме ја погодија пречката од слободен удар.На крајот мораме да го напоменеме слабото и тендециозно судење на натпреварот, ова не е никакво оправдување за поразот но преку целиот натпревар ствараше нервоза кај играчите на Кожуф со неговите одлуки.Вториот контролен натпревар ФК Кожуф го игра веќе во среда во Нов Дојран со екипата на Кит-го од Пехчево.