Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Денес на стадинот во Гевгелија шефот на стручниот штаб на ФК Кожуф Васе Беќаров изврши прозивка и означи старт на подготовките за пролетниот дел на сезоната во ВМФЛ-исток.Пред почетокот на првиот тренинг Беќаров одржа краток состанок на кој ги запозна играчите со предизвиците кои ги очекуваат во наредниот период и со амбициите на клубот.Тој нагласи дека од нив очекува максимално залагање и посветеност како би го подигнале нивото на играта како на тактички така и на технички план.На состанокот присуствуваше и претседателот на клубот кој им посака на играчите успешна сезона.За време на овие подготовки како што не информираше Беќаров закажани се и неколку пријателски утакмици против Кит-го, Борец и неколку екипи од соседна Грција а за термините и местото на  одигрување јавноста ќе биде дополнително информирана.Играчкиот кадар останува 90% истиот од есенскиот дел,клубот како што Ве информиравме поодамна го напушти Здравески а денес од стручниот штаб ни соопштија дека клубот спогодбено ја раскина соработката со Игор Тодоров и дека поради работни обврски кариерата ја заврши Бојан Каракамишев клубот им се заблагодарува на сите играчи кои го напуштија и им посакува се најдобро во иднина.