Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

                                                                       

 

 

Викендов во Скопје под капата на одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија се одржа семинар за клубовите од Втората фудбалска лига Исток и Запад.Семинарот го водеше лиценцниот менаџер во ФФМ,  господинот Марио Ѓурчиновски, којшто ги презентираше измените во постапката, критериумите и роковите, како и се што е потребно од документација за добивање на  лиценца за натпреварувачката сезона 2018/2019 година.Во исто време имаше и работилница за безбедност на фудбалските стадиони.На овој семинар како претставници на нашиот клуб учествуваа Претседателот, секретарот и заменикот на комесарот за безбедност. Со оглед на тоа што се наближува почетокот на подготовките за претстојната пролетна полусезона, раководството  на  клубот засилено работи на обезбедување подобри услови за почеток на истата.За сите активности гевгелиската јавност ќе биде навремено иинформирана.