Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Играчите на ФК Кожуф денес го одработија последниот тренинг за оваа полусезона и заминуваат на повеќе од заслужен одмор. После тренингот раководството на клубот одржа состанок со играчите и стручниот штаб на клубот. Тренерот Беќаров прозивката за пролетната полусезона ја закажа за 15-ти јануари 2018 година. Со взаемен договор клубот го напушти Здравески Роберто, клубот му посакува се најдобро и многу успех во понатамошната кариера. Во моментов нема најави за нови засилувања или навестување за други заминувања. Раководството на клубот најави сумирање на резултатите од есенската полусезона и засилени активности за наредниот период како и некои неопходни санации во делот со инфраструктурата на стадионот, набавка на нова опрема и други пропратни работи и обезбедување што подобри услови за работа на играчите. За сите активности јавноста ќе биде благовремено известувана преку фејсбук и веб страната на клубот.