Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Поради обилниот дожд, денешниот тренинг фудбалерите на Ф.К. „Кожуф“ го одржаа во спортската сала „26ти Април“. Кожуф интензивно се подготвува за саботното дерби со Ф.К. „Борец“ кое ќе се одигра на градскиот стадион во Велес. Екипата на Борец во моментов е на втората позиција на табелата зад Беласица, а Кожуф го дели третото место со Брегалница.