Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

По саботната победа на домашен терен на регионалното дерби со Ф.К. „Победа“ од Валандово, фудбалерите на Ф.К. „Кожуф“ продолжуваат со интензивните тренинзи за што подобар резултат на крајот од полу-сезоната. Фудбалерите на Васе Беќаров во сабота ќе одиграт тежок натпревар на гостински терен со екипата на Ф.К. „Борец“ од Велес. Екипата на Борец во моментов е на втората позиција на табелата зад Беласица, а Кожуф го дели третото место со Брегалница која гостува во Гевгелија на 25.11.2017, но сепак Кожуф и Брегалница имаат натпревар помалку од двете водечки екипи.