Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Со почеток во 14:30 часот, во сабота на 21.10.2017 на Градскиот Стадион во Гевгелија ќе се одигра првенствен натпревар помеѓу домашната екипа Ф.К. „Кожуф“ од Гевгелија и Струмичкиот Ф.К. „Беласица“. Ова ќе биде доста интересно дерби на колото помеѓу првиот и четвртиот тим на табелата во генералниот пласман. На трибините на стадинот се поставени пластични столчиња за уште по удобно уживање на публиката која ја има во се поголем број на секој следен натпревар. Бидете сведок на уште еден одличен фудбалски спектал, дуел на две израмнети екипи без простор за грешка.