Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Ф.К. „Кожуф“ денес гостуваше на Ф.К. „Плачковица“ во Радовиш во осмото коло од втората македонска фудбалска лига. Резултатот го отворија домакините во 5та минута и со тој резултат од 1:0 заминаа на полувреме. Во вториот дел од натпреварот, Танов во 60та минута го израмни резултатот на 1:1 со прекрасен евро-гол од слободен удар од 30тина метри, но во завршницата на натпреварот домакините повторно се вратија во водство во 79та минута и во 93та минута за конечни 3:1.

Генерално, екипата на Плачковица повеќе ја посакуваше победата, а кобни за нашиот тим беа прекините преку кои ги примивме првите два гола.

Веќе наредната недела во вторник „Кожуф“ патува за Тетово на реванш мечот од купот на Македонија каде што ќе се решава кој ќе биде 1/4 финалист. Првиот меч во Гевгелија заврши нерешено со резултат 2:2. Доколку успее „Кожуф“ да се пласира во 1/4 финалето, тоа би бил најголем успех во купот во историјата на клубот.