Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
Фудбалски клуб Кожуф – Гевгелија
Ул.1-ви Мај бб, 1480 Гевгелија
www.fckozuf.com; email:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел:++38978328506;++38970317766
ЕМБС 4023684; ЕДБ4006971108323
жиро сметка: 200003018417765 Стопанска банка АД Скопје

До
Натпреварувачка комисија при
Фудбалска федерација на Македонија

Врз основа на член 42 од пропозициите за натпреварување во втора МФЛ Исток и втора МФЛ Запад, а по
претходно најавена жалба во записникот од натпреварот од 7-мо коло од втората МФЛ Исток помеѓу ФК Кожуф
од Гевгелија и ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци одигран на ден 07.10.2017 г. ја поднесуваме следнава

Ж А Л Б А

Поради прекршување на одредбите на член 20 став 3 од пропозициите за натпреварување на Втората
МФЛ – Исток од страна на ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
На ден 07.10.2017 година со почеток во 14.30 часот на Градскиот стадион во Гевгелија се одигра
првенствен фудбалски натпревар од 7-мо коло од Втората МФЛ Исток помеѓу екипите на ФК Кожуф од Гевгелија и
ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци, натпреварот започна согласно член 63 став 2 од правилникот за натпреварување
на ФФМ кој гласи:
“Член 63
На натпреварите од системот на постојано натпреварување со право на настап се стекнуваат фудбалерите
регистрирани согласно Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ.
Правото на настап на фудбалерите пред почеток на натпреварот го утврдува делегатот на натпреварот
во присуство на претставниците на двата клуба со преглед на спортската легитимација и останатите документи
предвидени со пропозициите на соодветното натпреварување.”
Но во 44 минута од натпреварот екипата на ГФК Тиквеш направи замена на играчи и од игра излезе
играчот заведен во записник со број 2 Симјановски Мирко со комет број 101279 (младинец до 21 година) а на
негово место влезе играчот заведен во записникот со број 11 Митев Роберт со комет број 104187, со оваа замена
на играчи ГФК Тиквеш 1930 го прекрши членот 20 став 3 од пропозициите за натпреварување во Втората МФЛ
Исток кој гласи:
“Сите клубови учесници во натпреварувањето во вторите лиги првото полувреме мора да го започнат и
да го завршат со два фудбалери од кои едниот фудбалер да нема навршено 21 година а другиот да нема
навршено 19 години “
А со извршената замена ГФК Тиквеш 1930 не го заврши првото полувреме согласно пропозициите за
натпреварување во Втора МФЛ Исток што може да се констатира од официјалниот записник од одиграниот

натпревар, поради ова грубо прекршување на одредбите на член 20 од пропозициите за натпреваување на
Втората МФЛ Исток БАРАМЕ жалбата да ни биде прифатена и натпреварот да се регистрира со службен резултат
3-0 во корист на ФК Кожуф од Гевгелија согласно одредбите на член 100 точка 10 од правилникот за натпревари
на Фудбалската федерација на Македонија
кој гласи:
“ОДЛУКА ПО ЖАЛБА
Член 100
На основ на поднесена жалба по натпревар натпреварот ќе се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на
екипата која се жалела доколку за време на натпреварот не е постигнат поповолен резултат, доколку
противничката екипа:
1. Настапила со фудбалер кој за неа не е регистриран,
2. Настапила со фудбалер кој немал право на настап на тој натпревар за таа екипа врз основа на одлука на
надлежен орган или причини предвидени со одредбите на општите акти на ФФМ, неземајќи ги во предвид
одредбите на член 99 од овој правилник.
3. Настапила со фудбалер за кој не е утврден идентитет по одредбите на овој Правилник.
4. Настапила со фудбалер за кој со конечна одлука на надлежен орган за регистрација на фудбалери е утврдено
дека е регистриран со неправилна примена на прописите за регистрација или врз основа на неточни податоци.
5. Настапила со фудбалер кој се наоѓа под казна за забрана на настап или суспензија, или ако клубот или екипата
биле под суспензија,
6. Настапила со фудбалер кој не е евидентиран во составот на екипата на записник пред почетокот на
натпреварот,
7. Заменила повеќе од дозволениот број на фудбалери на тој натпревар,
8. Настапила со фудбалер кој на тој натпревар претходно бил заменет,
9. Настапила со фудбалер кој на тој натпревар за тој клуб немал право на настап.
10. Започнала/играла натпревар со помалку млади фудбалери од пропишаните во Пропозициите за
соодветното натпреварување.
11. Настапила со поголем број фудбалери странци од дозволениот (каде што е применливо)
Доколку жалбата ја поднесува клуб чија екипа е засегната со резултатот од натпреварот (трета страна)
натпреварот ќе се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на екипата која го играла натпреварот а не го
направила прекршокот.
Органот кој го води натпреварувањето за направен прекршок по погоренаведените основи поднесува
барање/пријава за покренување дисциплинска постапка против клубот чија екипа го направила прекршокот.”
А воедно бараме покренување на дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци за
сторениот прекршок.
Во прилог на оваа жалба Ви доставуваме:
- Фотокопија од уплатена такса за жалба до првостепена комисија
- Фотокопија од записник од натпреварот
- Извадок од комет системот за играчот Симјановски Мирко
- Извадок од комет системот за играчот Митев Роберт
- Извадок од пропозициите за натпреварување на Втората МФЛ
- Извадок од правилникот за натпреварување на ФФМ
Доставено до:
-Комесар за натпреварување при Фудбалска Федерација на Македонија г-дин Васко Дојчиновски
-Натпреварувачка комисија при Фудбалска федерација на Македонија
-архива на Фудбалска федерација на Македонија
-архива на ФК Кожуф од Гевгелија

Гевгелија, ФК Кожуф
08.10.2017 г. Гевгелија