Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Денес се одигра пријателски натпревар помеѓу екипата на Ф.К. „Кожуф“ од Гевгелија и Ф.К. „Победа“ од Валандово. Во прекрасна атмосфера, двата клуба одиграа интересен натпревар, каде што Кожуф имаше подобар учинок. Стрелци на головите за „Кожуф беа  Лазаревски во 22-та минута и Ристовски во 29-та минута. Натпреварот заврши со конечни 2:1 (полувреме 2:1).